Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куманово топ тема во регионот, како ги пренесуваат настаните српските медиуми?

Куманово топ тема во регионот, како ги пренесуваат настаните српските медиуми?

Хаос во Куманово:Убиени 3 полицајци, има и мртви цивили?

Куманово: Загинаа тројца полицајци?

Пукање и хеликоптери - Македонската полиција почна операција во Куманово ...

Војна во Македонија: Терористи изрешетаа тројца полицајци

Ова се дел од насловите кои кружат низ српските медиуми денес (сите може да ги прочитате тука) откако рано изутрина овој град се соочи во вооружени престрелки меѓу полицијата и вооружена терористичка група.

Од Министерството за внатрешни работи за деталите поврзани со овој случај ќе се изјаснат по завршувањето на акцијата.

Во Куманово се слушаат истрели од огнено оружје, при што најверојатно станува збор за престрелки меѓу некоја банда и полицијата. Засега нема информации дали бандата припаѓа на некоја организација.

Престрелките како што јавуваат некои медиуми почнале рано изутринава.

Вчера пак, во јавноста се појавија информации дека група од Косово и Прешево прешла преку македонската граница со намера да предизвикува инциденти. Наводно, групата нема врска со УЧК, туку е криминална банда.

Слично

Поврзани вести