Кумановo одвои 6,8 милиони денари за локалните избори
Општина Куманово одвои 6.8 милиони денари од општинскиот буџет за претстојните локални избори што ќе се одржат на 24 март, ингормираат од Општината.
Средствата се наменети за финасирање на општинските изборни комисии и избирачките одбори, а нивното обезбедување е нова законска обврска за сите општини во државата.„Досега овие средства беа издвојувани од државата и сметам дека овој начин на финансирање не соодветсвува со трендовите на фискалната децентрализација“, изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Истовремено посочуваат од општината, се работи на определување на локациите во градот и населените места на кои политичките партии и кандидатите за градоначалници ќе имаат можност рамноправно да го постават пропагандниот материјал.
Слично
