Кумановци кои работеле во Ирак и Авганистан бараат средба со Мицкоски, Петрова и Димитриевски
Кумановците кои работеа за американски компании во базите во Ирак и Авганистан денеска јавно ги повикаа на средба премиерот Христијан Мицкоски, директорката на УЈП Елена Петрова и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, за да се утврдат нејаснотиите и да се признаат доставените докази, укажувајќи дека имале неофицијална средба со нив.
„Фирмите за кои работевме ни пратија документи дека платиле 15 проценти данок во Ирак, тие не ги прифаќаат и бараат да одиме во Ирак да земеме официјални документи од ирачката власт. Таму ни кажаа дека како странски државјани не смеат да ни дадат таков документ. Процедурата е многу сложена, бараме Министерството за надворешни работи, Владата, по официјални и службени канали да ни ги обезбедат тие документи“, изјави Жикица Миланов, учесник на протестот, пренесува Кумановски муабети.
Најавија дека протести ќе има цела работна недела, секој ден од 14 до 16 часот.
фото принтскрин Кумановски муабети
