Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановчани не сакаат да го видат Али Ахмети во Дива Населба

Кумановчани не сакаат да го видат Али Ахмети во Дива Населба

Албанското население во Куманово се организирало како би ги блокирало сите влезови во Куманово после информацијата дека лидерот на ДУМ , Али Ахмети планира да го посети овој град, јави дописникот на приштински Кога Диторе.

Меѓу населението се говори дека Ахмети ќе ја посети Дива Населба, местото каде на 9 и 10 мај се водеа борби помеѓу вооружена албанска група и македонските полициски сили.

Во тој судир се убиени 10 припадници на оваа вооружена група и осум полицајци, а урнати се и 40 куќи.

Неофицијално се дознава дека меѓу граѓаните кои го блокирале патот се наоѓаат и членови на командант Шипони кој е убиен во вооружениот инцидент до кој дошло пред неколку недели , а кој се поврзува со неспогодувања внатре во партијата на Ахмети околу раководење на огранокот на оваа партија во Куманово.

Слично

Поврзани вести