КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА РАСПРОДАЖБА: Растегливи закони, милион прашања!
Продажбата на Офицерскиот дом во Битола ја покажа слабоста на законските регулативи за заштита на културно наследство, посочуваат експертите од оваа област. Од Центарот за културно наследство влат дека ваквата одлука за продажба на овој објект отвора серија прашања и дилеми поврзани со законските регулативи.
-Проблемот со продажбата/концесијата на Официрскиот дом во Битола е само уште еден во низата проблеми кои произлегуваат од лошата законска регулатива која на оваа власт и обезбедуваат правен основ дури и за криминални злодела извршени на културното наследство. Првиот и најголем недостаток на Законот за заштита на културно наследство е отсуството на предмет на регулација и јавност во работењето односно објавена листа на културно наследство од национално значење со категорија по вредност, претходно усвоена во парламентот како гарант за заштита и обезбедување од манипулација. За жал ,заштитата на културното наследство кај нас е обвиткано во превез на конспиративност и недостапност до граѓаните кои се титулар на културното наследството.Формулација на одредбите во Законот е непотребно ,,усложнета,, и ,,растеглива,, а со самото тоа податна за поинакви толкувања, така што и вработените во Управата и конзерваторваторските центри тешко можат изворно да ги протолкуваат. Тогаш, како можат граѓаните да имаат увид и автентично да бидат запознаени со дејствијата вели Донка Барџиева Трајковска, претседател на Центарот за културно наследство.
Од Центарот објаснуваат дека можноста за концесија на културното наследство за прв пат е воведена во Законот за заштита на културно наследство од 2004 година. Во Член 117 од овој закон стои дека : Предмет на користење по пат на концесија, според овој закон, може да биде недвижно културно наследство од особено значење во државна сопственост, кое е или може да биде наменето за: 1. Домување; 2. Вршење на туристичка, угостителска, трговска, занаетчиска и друга услужна дејност; 3. Вршење на изворна или сродна производна дејност и 4. Вршење на дејности од областа на образованието, науката, информирањето, здравството, спортот, рекреацијата, како и културата со исклучок на дејностите на заштита. Со измените на Законот во 2013 година сменет е називот на овој член кој е преименуван во ,,Предмет на концесија и јавно-приватно партнерство ,, со дополнителни измени меѓу кои е и зголемениот рок на издавање под концесија на вкупно 30 години. Законот дозволува концесијата да се даде на домашно или странско правно и физичко а концесионерот има статус на имател на културно наследство, со права и должности утврдени со законот и договорот за концесија.
-Во вака дефинираните одредби и во двата члена се појавуваат неколку отворени прашања на кои владата е должна да им одговори на граѓаните: 1. Дали Официрскиот дом во Битола се дава под концесија од јавно-приватно партнерство како културно наследство од особено значење ( според Предлогот за валоризација од надлежната установа НУ Завод и Музеј Битола) или како културно наследство од категоријата - значајно културно налседство? Одговорот на ова прашање и многу битен во однос на пропишаниот режим на заштита/ригорозност на мерките во однос на идните дејствија и потенцијалната опасност од губење на неговите автентични вредности. Потоа за која намена се дава на концесија Официрскиот дом? Имајќи ги го во предвид фактот дека неадекватната намена може да го наруши достоинството на културното наследство, а Законот не утврдува ограничување на намената во случај на концесија, предметното културно добро е изложено на опасност. Тука се поставува прашањето каква опасност може да има во намената и пренамената? Секое културно добро поседува одредени карактеристики сврзани со првобитната функција и историја на објектот.Слободата што ја овозможува Законот за пренамена на првобитната функција и широка употреба за најразлични цели ,без ограничување, содржи опасност од дејности спротивни на карактерот на објектот, понижувачки за објектот, спротивни на конструкцијата,организација на просторот,местоположбата и занемарување на потребите на граѓаните. Заради сето ова како граѓани бараме транспарентност на постапката и учество во определувањето на намената на Официрскиот дом заедно со локалната самоуправа, вели Донка Барџиева Трајковска, претседател на Центарот за културно наследство.
Битолчани револтирани
Одлуката за продажба на Офицерскиот објект предизвика остри реакции кај граѓаните на Битола. Жителите на Битола не даваат Владата да го продаде Офицерскиот дом или така наречениот битолски Версај.Граѓанските активисти и Здружението за култура и уметност Машина од Битола преку иницијатива под мотото „Стоп за продажбата на историјата и националното богатство“ веќе почнаа да собираат потписи против негова продажба. Укажуваат дека несватливо е да се продава еден ваков објект од културна и историска вредност и по кој е прпознатлив градот Битола. Офицерскиот дом, ќе се продавa преку електронско наддавање а вкупната вредност на која се проценува според објавениот оглас е 900.000 евра.Јавното наддавање за продажбата е закажано за 19 февруари 2016 година во 12,00 часот.
Офицерскиот дом го изградил Абдул Керим Паша пред 104 години
Инаку Офицерскиот дом во Битола е изграден 1911 година од управникот на битолскиот вилает Абдул Керим Паша, а комплетно довршен 1919 година. Исто така е познат како Сарајот на Абдуллах Керим Паша. Се работи за редок пример на архитектура, со голема и одмерена архитектонска естетика, која покрај генерални стилски карактеристики, носи и печат на оригиналност и неповторливост. Карактеристични се еркерните балкони, покривната стреа и надвишувањето на четирите кули и затоа се нарекува и Бисер на Битола. Изграден е како палата за свечени приеми, забава и одмор, а во него се одржувале и балови. Но сепак влезот бил дозволен само за генерали и офицери.
Во Офицерскиот дом престојувале Тито, Карпов, Демирел и други познати личности. Во поново време Офицерскиот поради неговата историска и архитектонска афтентичност често се користи и за снимање на филмови и други медиумски производи, како домашни така и странски.
Т.С

Слично