Културните работници се судрија меѓу себе: Не ни раскажувајте басни, порачаа од Тетово!
Не стивнуваат реакциите на културните работници ширум земјава. Драмскиот автор и режисер од Тетово, Мирко Видоески на социјалните мрежи порачува дека денеска неговите колеги направиле нешто срамно и недостоинствено, биле добри глумци во лоша претстава.
Еве што порача Видоески:
“Бре, бре, бре! Кому кажуваат приказни? Недонесувањето на буџетот, апсолутно не значи дека на нивните институции ќе им бидат ускратени финансиите! Тоа се приказни за мали деца од познатите баснописци Грујо и Ставре!
А, што да речам јас? На Литературниот клуб "Кирил Пејчиновиќ", кој јас ја раководам трета година по ред Министерството за култура му ги ускратува средствата за традиционалните активности:
- Во 2010 година ни беа повлечени 25.000 денари (околу 400 евра) доделени за реализација на Традиционалниот конкурс за поетска творба и краток расказ, на кој редовно свои творби доставуваат над 400 млади творци (Македонци, Албанци и Турци) од основните и средните училишта од тетовскиот регион. Средствата ни беа повлечени, пазете ова е нивно образложение - поради рецесијата!
- Во 2011 година побарав (и ми беа одобрени) 50.000 денари за Конкурсот и за одбележување на 50-годишнината од Клубот кои исто така, овојпат без образложение не му беа префрлени наменски на НУ ЦК "Иљо Антески-Смок" Тетово, чија сме матична дејност.
- За 2012 година не ни беа доделени средства, повторно без образложение! А, знаете зошто? Затоа што претседателот на Клубот е комуњар!!!
Со тоа беше прекината една традиција која опстојуваше 25 години“ , напиша Видоески.
Реакциите по денешните протести ги брануваат социјалните мрежи. Доцна вечерва Мери Георгиевска, вработена во МНТ за “Фактор“ изјави дека до неа стасала најава за можен отказ поради тоа што таа јавно кажа дека нема да ги поддржи денешните протести.
Слично
