КУЛТУРЕН ПОЛИТИЧКИ ШОК ВО БУГАРИЈА: Тројца министри си поднесоа оставки во еден ден за сообраќајна несреќа
Бугарските министри за внатрешни работи, транспорт и регионален развој денеска поднесоа оставки во еден ден за кобна сообраќајна несреќа што се случи во јули на патот Своге - Софија.
Автобус падна во провалија при еден свиок и починаа 17 од вкупно 33 патници. Како главен обвинет е возачот на автобусот, кој претходно удрил во две возила од спротива додека зборувал со жена од предните седишта.
Станува збор за министерот за регионален развој Николај Нанков, министерот за внатрешни работи Валентин Радев и министерот за транспорт Ивајло Московски.
"Ние ја носиме политичката одговорност", рече министерот за внатрешни работи Валентин Радев, додавајќи дека има многу повеќе луѓе одговорни за несреќата, но дека тој и неговите соработници очигледно не успеале добро да работат во нивните министерства.
Претходно премиерот Бојко Борисов побара од овие министри да поднесат оставки.
Причините за несреќата во саботата, што се случија на патот што го поврзува главниот град Софија со градот Своге, се уште е под истрага.
