Култната Икеа со прва продавница во Србија
Култниот шведски бренд за мебел Икеа ја отвори својата прва продавница во Србија
Икеа вложи 70 милиони евра во објектот, вработи 416 луѓе, а на потрошувачите ќе им биде понудена стандардна палета производи по пристапни цени.
Продажниот објект во Бубањ Поток, на јужниот влез во Белград, се простира на 35.000 квадрати, располага со повеќе од 1.400 паркинг места, ресторан со 500 места, продавница за шведска храна како и место за полнење електрични автомобили.
Ова е четрстотиот продажен објект на Икеа во светот.
Слично
