Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУЛМИНАЦИЈА: Што ќе стане со Металург на Минчо Јорданов?

КУЛМИНАЦИЈА: Што ќе стане со Металург на Минчо Јорданов?
Тимот кој минатата година обезбеди пласман во топ 8-те европски ракометни сили, кој лани го совлада и Вардар во дуелот за шампион во македонското првенство, сезонава е пред најголемото искушение – ќе опстане ли на европските патеки или и уште еден наш силен ракометен гигант ќе замине неславно во историјата. Изненадувачки е фактот што еден од најбогатите луѓе во Македонија па и во регионот, сопственикот на Металург, Минчо Јорданов наводно наеднаш одлучил да запре со финасирањето на ракометниот шампион. Јорданов кој скоро една деценија го создава клубот, оддеднаш да снема финансии. Металург е акционерско друштво, кадешто на Почетокот на секоја нова сезона се прави план на работа, се усвојува буџетот и се утврдува тимот кој ќе настапува во наредниот период. Според пишувањата на „Екипа“, кризата во Металург кулминирала денес кога ракометарите влегле во отворен конфликт со раководството на клубот поради неисплатените плати. На играчите им било ветено дека долгот ќе го добијат до крајот на паузата поради репрезентативни натпревари, но тоа не се случило. Сега раководството побарало ново одложување, и тоа ја прелеало чашата. Денешниот состанок поминал во напната атмосфера, по што ракометарите одбиле да тренираат, а веројатно нема ни да патуваат во Загреб. Ракометарите на Металург одбиваат да даваат изјави, најавуваат дека наскоро ќе излезат со заеднички став потпишан од сите играчи. НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: РАКОМЕТ ИЛИ БИЗНИС: Проблемите на челичниот Минчо Јорданов го стопија Металург?
Слично

Поврзани вести