Кулиќ најавува – извештајот за несреќата на Трајковски до крајот на месецов
Омер Кулиќ, шефот на истражниот тим за новата истрага околу авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, најавува дека извештајот е во завршна фаза и ќе биде објавен до крајот на месецот.
Во изјава за агенцијата Срна, тој нагласил дека иако уште кон крајот на минатата година најавувал дека ќе го заврши извештајот и ќе го презентира во јавност, сепак објективните услови од технички аспект тоа не го дозволиле.
„Нацрт-извештајот во моментов се завршува во Сараево, луѓето тоа го монтираат низ сите сегменти низ кои работеше Комисијата. И тоа ќе потрае 15-тина дена, по што извештајот ќе им биде даден на надлежните органи за евентуални забелешки“, појасни Кулиќ.
Според него, веќе станува збор последни чекори од технички процес, по што извештајот за тоа како падна авионот во кој загинаа претседателот Трајковски и неговите сопатници ќе биде претставен и во јавноста.
„Ние расветливме сé дефинитивно, ништо нема да остане неразјаснето, ниту една ставка или точка. Ништо нема да остане недорешено во врска со овој случај“, категоричен е шефот на истрагата.
Слично
