Кулиќ во сабота ќе даде одговор за падот на „Кингерот“ на претседателот Трајковски
Босанскиот експерт, Омер Кулиќ, на утрешната прес – конференција ќе ги сподели своите размислувања и ставови и ќе одговори на прашањата поврзани со падот на претседателскиот „Кингер“ на 26.февруари 2004 година кај Ротимље во близината на Мостар во кој загина претседателит Борис Трајковски и членовите од неговиот кабинет.
Кулиќ денес новиот извештај за падот на „Кингерот" му го достави на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а во текот на денешниот ден тој ќе му биде предаден на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на премиерот Никола Груевски и на обвинителот Марко Зврлевски.
Според неофицијалните информации на босанските медиуми причините за падот според Кулиќ лежат кај пилотите, а индиректно кај македонските власти кои имале пропусти во системот и грешки во процедурите.
Според истите извори во извештајот се исклучува можноста вината да биде лоцирана кај СФОР.
Слично
