КУЌИ, СТАН, ЗЕМЈИШТЕ И ТРИ КОЛИ: Колку е богат Нефи Усеини чии фирми се „чешлаат“ од полицијата?
Актуелниот член на Совет во општина Охрид Нефи Усеини во анкетниот лист што го пријавил при ДКСК поседува две куќи во Охрид и еден стан во Струга.
Многухектарско земјиште исто така е дел од пријавениот имот на советникот од ДУИ а од заеднички имот има само двор.
Три автомобили на сопствено име вози Усеини. Голф, Ауди А8 и Порше се пријавени во неговиот имотен лист.
Стекнати со договор за купопродажба, Нефи поседува и 10 багери.


Детален преглед за имотната состојба за Усеини може да погледнете тука.
Инаку полиција упадна во фирмите на Усеини кој во изминатиов период е во центарот на вниманието. Тој нелегално изгради тераса пред неговата пицерија која всушност се наоѓа во заштитениот дел на Охрид.
Слично
