Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУЌА И ДВОР КАКО ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ: Никогаш пониски цени во Војводина

КУЌА И ДВОР КАКО ПОЛОВЕН АВТОМОБИЛ: Никогаш пониски цени во Војводина

Куќите во Војводина се многу евтини и се продаваат и за 1.600 евра, затоа што младите бегаат во странство во потрага по подобар живот, а имотите нема кој да ги купи. 

Од агенциите за недвижности раскажуваат дека куќите кои се близу Зрењанин се продаваат за 2000 до 3000 евра, а оние кои се подалеку се уште поевтини. 

„Зависи колку е стара куќата, колку е оддалечена од градот дали има или не санитарен чвор. Купувачите бараат и куќи кои се близу река и чинат 4.000 евра“ - вели Владимир Кисељев од агенција за недвижности. 

Иако младите се селат, сепак купувачи на овие куќи се стари луѓе и пензионери. 

Војводина годишно губи по 25.000 луѓе и тоа е еднакво колку Бачка Паланка. 

Околу 14.500 луѓе секоја година се селат, а бројот на починати од бројот на родени е за 10.500 поголем.

Поволна понуда е да се купи куќа од три соби со двор за 6.000 евра. 




Слично

Поврзани вести