Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куќи со плац во соседството и за 8000 евра

Куќи со плац во соседството и за 8000 евра

Во мало градче во Хрватска на продажба се 500 станови и куќи и тоа по поволни цени. За пример, куќа со плац е продадена за 8000 евра.

Се повеќе пука балонот на недвижнини кој почна да се дува со пореметувањето на пазарот на недвижнини, на што му претходеше почетокот на рецесијата од 2008 година и нејзиниот удар на граѓанскиот сектор.

Го надувал и фактот дека поради невозможноста на сервисирање на кредити бројни имоти завршуваат во барабанот, на аукции, а продажбата на недвижнини во оваа беспарица за многумина е единствен начин да дојдат до пари.

Како што пишува Гласот на Славонија, само на малиот пазар на недвижнини каков што е тој во Ѓаково и приградскиот прстен, а се работи за подрачје со околу 30 000 жители, во овој момент се подаваат и до 500 куќи и станови. Таа запрепастена бројка ја изнесува трговецот со недвижнини Владо Речнер, кој истакнува дека продажбата во последниот месец и пол им е нешто подобра. Причината е -продавање за ништо. Тој го наведува најсвежиот пример.

Во самиот центар на Пишкоревац, а тоа е најразвиената приградска населба во Ѓаково, е одалечена од центарот на градот неколку километри, преку нивната агенција е продадена куќа за 8000 евра. Тоа е куќа од стар датум со двор на 700 квадрати.

Почетно стариот сопственик за неа барал 12 000, па 9000 и на крај ја спуштил за 8000 евра . За споредба, како што кажува трговецот, порано за тие пари таму не можело да се купи градежно земјиште или викендичка.

Во Ѓаково земјиштето за изградба на куќа можело да се купи за 20 000 до 30 000 евра, а сега цената му паднала на 10 до 15 000 евра.

Слично

Поврзани вести