Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куќен притвор и три мерки за претпазливост во случајот „Транспортер“

Куќен притвор и три мерки за претпазливост во случајот „Транспортер“

Во случајот „Транспортер“, управителка на еден од превозниците доби куќен притвор, а тројца директори на средни училишта во Битола останаа без пасоши.

Ова уследи по распит на дел од осомничените во случајот „Транспортер“ кој го отвори Специјалното јавно обвинителство.  СЈО бараше притвор за 11 од  22 осомничени лица во случајот. Засега само секретарот на општина Битола, кој воедно бил и претседател на комисијата за јавни набавки доби мерка притвор. Неговиот адвокат поднесе жалба на 30 дневниот притвор. Во судот денеска треба да се појават на распит уште тројца осомничени-директори на превозниците, кои според СЈО биле соучесници  во криминалот со превоз на ученици и дуплото наплаќање на истиот.

Во „Транспортер“ осомничен е и битолскиот грандоначалник, Владимир Талевски за енормно скап превоз за ученици.  Тој доби аболиција од претседателот на државата.

Слично

Поврзани вести