Куќен притвор доби Владимир Талевски
По жалбите на Специјалното јавно обвинителство, Кривичниот суд му одреди куќен притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талевски.
„Решението на судијата на претходна постапка од 13.06.2016 година по повод предлогот на СЈО за определување на мерка притвор за лицето В.Т. се преиначува и се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, сметано од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1 , 2 и 3 од ЗКП. Истовремено се забранува осомничениот В.Т. да го напушти своето живеалиште без дозвола од судот, а доколку осомничениот не се придржува на забраната, против истиот ќе се определи мерка притвор“ - се наведува во соопштението испратено до медиумите.
Тој не смее да го напушти домот, а неговото присуствои ќе го проверуваат полицајци од битолската полиција. Талевски беше првоосомничен во случајот „Транспортер“. СЈО бараше притвор, а неговите адвокати слобода по што и двете странки ја обжалија првичната одлука со која му беше одземен пасошот.
