Куќа се гради од темел, не од кров!
Архитектонскиот факултет е претесен да ги собере сите студенти вклучени во четвртата автономна студентска зона. Студентите велат се побројни и поорганизирани во изразувањето на својот револт против, според нив, лошите реформи во високото образование. Окупацијата на факултетите сметаат дека е логичен чекор, имајќи ја во предвид досегашната инертност на надлежните да ги вклучат студентите и професорите во креирањето на новите законски решенија. Оттука, секојдневно се повеќе студенти се солидаризираат со своите колеги, одлучно против воведување на државниот испит и останатите спорни одредби. Одложувањето на одредени одредби од законите, велат идните архитекти, нема да ги подобри состојбите во високото образование, туку само ќе го продлабочи револтот.
“Презадоволни сме од одзивот. Не очекувавме да се појави толкав број на студенти кои што не поддржуваат и се приклучуваат кон автономната зона. Идејата беше прифатена со отворени раце од најголем дел на студентите, а исто така и од професорите. Во окупацијата се вклучивме бидејќи не веруваме на надлежните органи поради претходни искуства со истите, се солидаризираме со нашите колеги од Филозофскиот и Филолошкиот, како и Техничките и останатите факултети на кои се прогласени автономни зони”-велат од Студентскиот пленум на Архитектонскиот факултет.
Организацијата, велат студентите, е веќе добро обмислена, и има голема подршка од граѓаните, професорите. Засега ресурси во храна, пијалоци, опрема за спиење за новите автономни зони се превземаат најмногу од Филозофскиот и Филолошкиот факултет, каде првично почна окупацијата на факултетите, но студентите се надеваат на се поголема подршка за да можат да опстојат во своите намери. Студентите велат, имаат идеја, визија и стратегија и сакаат директно да се вклучат со свои аргменти и ставови околу креирање на нов Закон кој ќе биде растеретен од одредби кои ќе бидат на штета на студентите, професорите и во насока на загрозување на образовниот процес.
“Студентскиот Пленум на Архитектонскиот факултет функционира по принципот на директна демократија па затоа и беше одржан состанок со сите студенти кои што во тој момент присуствуваа на настава на Архитектонскиот Факултет. Од преку 250 луѓе кои што присуствуваа на состанокот, само двајца гласаа против прогласување на автономната зона заради лични причини. Имајќи го во предвид овој факт, можеме да кажеме дека имаме целосна поддршка од најголемиот број студенти. Заради транспарентност на мислења на сите студенти, секој ден ќе организираме состаноци на кои што повторно ќе се гласа дали автономната зона да продолжи. Иако не е јавна поддршката, можеме гордо и со задоволство да кажеме дека професорите не поддржуваат безусловно” -велат од Пленумот на Архитектонскиот факултет.
Студиската и наставната програма на Архитектонскиот факултет се базира на одредбите од Болоњската декларација и Европскиот кредит -трансфер систем. Петгодишни интегрирани студии од прв и втор циклус по архитектура на Архитектонскиот факултет траат пет години, односно десет семестри и за нивно успешно завршување студентот треба да освои најмалку 300 кредити од предметите предвидени со студиската програма и 4 кредити од задолжителната пракса. Тоа стекнато знаење кое од нив треба да направи идни инженери по архитектура кои треба да одговорат на потребите за проектирање, раководење со изготвување на архитектонски проекти и проектна и планска документација, изведба на објекти, изготвување тендерска документација, вршење ревизија на проекти од областа на архитектрурата и урбанизмот, изработка на стручни експертизи и вештачења, велат студентите, неможе да се научи и оцени преку заокружување и со еден испит.
Архитектурата, додаваат, е дејност поврзана со подрачјата на планирањето и градењето. Таа е креативна, инвентивна но пред се одговорна работа за која треба многу поголемо знаење од проверка преку контролниот механизам-државен испит кој го нудат надлежните. Студентите сметаат дека треба да се водат преговори затоа што смислата на постоењето на Пленумот и окупацијата, како што велат тие, е да издејствуваат нов закон, кој ќе ги подобри условите за студирање.
“Законските измени, во целост се во спротивност со член 46 од Уставот, со кој се гарантира автономијата на универзитетот. Државниот испит не само што е во спротивност со уставниот поредок на земјава, туку тој исто така е неспроведлив. Со оглед на тоа што има 10.000 наставни програми и 60.000 студенти, ни ренесансен одбор за акредитација и евалуација кој е предвидено да има 9 члена, не е возможно да направи прашања па дури ни за месечен надомест од 150.000 денари. Долго време оправдувањето на владата за носење реформи во високото образование беше во насока за обезбедување на подобар квалитет и знаење за студентите, но според нас, овие брзи законски измени може да донесат само несигурност во образовниот процес”-потенцираат студентите од Архитектонскиот факултет.
Студентскиот Пленум смета дека се потребни реформи во високото образование преку носење на нов закон во чија изработка ќе бидат вклучени и самите студенти, а кој се базира на претходна анализа на состојбата во високото образование.
“Во овој момент надлежните се свесни за апсурдноста на нивниот експресно донесен закон за кој немаше дебата и долг период тотално беа игнорирани членовите на академската заедница кои се и најзасегнати од истиот.Ние не очекуваме, ние се надеваме на конкретни решенија. Очекувавме многу работи од надлежните, но не ги добивме. Заради тоа се одлучивме на вонинституционална борба и прогласивме автономна зона”-додаваат членовите на Студентскиот пленум на Архитектонскиот факултет.
Тие се надеваат дека надлежните искрено ќе влезат во процесот на решавање на реалните проблеми кои досега им ги посочија студентите и ќе овозможат сериозна дебата и функционирање на работните групи кои треба да изнајдат заеднички и издржани решенија за подобрување на квалитетот на високото образование.Студентите, според Пленумот, се надеваат на директно вклучување на нивните претставници во креирањето на новите закони, а не само празни ветувања.Досегашните отстапки, според нив, се прават заради смирување на студентската иницијатива и успешниот притисок којшто го извршиле со автономните зони. Но, тие порачуваат дека нема да сопрат во своите намери се додека не се исполнат нивните конкретни и аргументирани барања.

Слично