Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУЧИЊАТА ОЛАФ И АКИ МАКИ ЌЕ ГО БАРААТ МАТЕЈ: Интерпол веќе се вклучи, има нови сознанија

КУЧИЊАТА ОЛАФ И АКИ МАКИ ЌЕ ГО БАРААТ МАТЕЈ: Интерпол веќе се вклучи, има нови сознанија

Потрагата по Матеј Периш од Сплит кој ја дочека новата година во клуб во Белград но кој исчезна по полноќ истата ноќ, ќе продолжи и денеска. Експертите за српските медиуми објасниле дека нуркачите на Жандармеријата се во голема опасност при пребарувањето на реката. Нуркачот тоа го прави така што со едната рака си ја заштитува главата и маската, а со другата рака го допира дното бидејќи нема видливост. За безбедност цело време е врзан со јаже.

Нуркачот инаку, поминува најмногу 30 минути под вода поради прениската температура. Во потрагата на копно биле вклучени и две кучиња од полициската бригада, германските овчари Олаф и Аки Маки. Тие, кога ќе помирисаат човек, можат да го најдат и на два километри, а четиригодишниот Олаф е тој што го нашол телото на убиената српска пејачка Јелена Марјановиќ во Борча по која се трагаше долго време.

Таткото на Матеј, Ненад, претходно вчера за медиумите од Хрватска изјави дека не се враќа во Сплит без синот.


Слично

Поврзани вести