Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кучи: На хартија сме добри, во пракса не не бива

Кучи: На хартија сме добри, во пракса не не бива
Извештајот за напредокот на Македонија од Европската комисија е најпозитивен  досега, кај поглавјата за економијата е констатиран напредок, некаде  понагласен некаде поскромен, но генерално можеме да бидеме задоволни, оцени денеска Вицепремиерот Владимир Пешевски на тркалезната маса за политичкиот и економски напредок на Македонија наведени во Извештајот, а во организација на Европската бизнис асоцијација. Меѓу аргументите за позитивните оценки Вицепремиерот  наведе дека  во услови на економска криза Македонија иако не е членка на ЕУ успеала  со добрите политики поуспешно да се справи со кризата во однос на повеќе држави, а додаде и дека  во  идниот период  постепено ќе бидеме сведоци на транзиција со која економијата ќе преовладува и во извештаите од ЕК и  во секојдневието. Сепак појаснува тој, остануваат најголемите предизвици невработеноста и продуктивноста на работната сила. Како што истакна Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, напредокот нотиран во Извештајот се должи на заедничката работа  на која  во изминатиот период. Најголемо достигнување на општеството, според неа, бил почнатиот дијалог на високо ниво со ЕУ. Претставниците на бизнис заедницата од своја страна оценија дека позитивните резултати и оценки треба да бидат  реални и во пракса. Иако добиваме  редовно позитивни оценки од ЕК во пракса работите не ни се такви како на хартија изјави Мендерес Кучи, претседател на Комората на северозападна Македонија. Според него, не е важно колку закони донесуваме, туку колку тие се применливи во пракса и  се почитуваат од страна на институциите. За Љубица Нури, претставник на Стопанската комора на Македонија, потребно е  да се направи преиспитување на стратегијата на приоритетите и  да се размислува регионално, односно  да се обезбедат оние поглавја што ќе обезбедат слободен проток на стоки, капиталот и работна сила.
Слично

Поврзани вести