Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кучи бара гасификација на западна Македонија!

Кучи бара гасификација на западна Македонија!
ФАКТОР Дали, мерките за надминување на кризата, ќе бидат доволни, или сметате дека Владата мора да оди на нов ребаланс на буџетот? КУЧИ Владата вeќе направи ребаланс на буџетот со кој ќе се кратaт приходите и трошоците за 5 отсто и нагласи дека намалувањето на буџетот се прави поради кризата во еврозоната и временските услови во првите три месеци од годината, кои предизвикале пад на економската активност, особено на градежниците. Со ребалансот се кратеа  сите трошоци во буџетот, освен пензиите, платите, социјалните додатоци и субвенциите, и нема да се намали бројот на вработените во администрацијата.. Во првите три месеци вкупните приходи беа повисоки за 1,2 отсто во однос на лани, но се за 9 проценти пониски од планираните. Намалувањето на буџетот со овој ребаланс изнесуваше од 7 до 7,5 милијарди денари (113-122 милиони евра).. Но, и по овој реабаланс на буџетот гледаме дека економската состојба не оди во добра насока и затоа ние како Стопанска Комора излеговме со антикризни мерки кои мислиме дека на конструктивен начин  би помогнале на и така влошената економска состојба во нашата земја и остануваме на ставот дека дел од тие предлози, како што се навремената исплата на долговите на државата и зголемувањето на ДДВ за одредени сегменти , ќе помогнат во подобрување на ликвидносната позиција на стопанството . ФАКТОР Повеќе пати вашата комора бараше и при подлебата на парите од буџетот да се води по принципи кои ги задоволуваат етничките критериуми. Рамковен буџет - да или не ? КУЧИ Буџет поделен по етничка линија е крајната граница што ја предвидува моделот на децентрализацијата опишан во рамковниот договор.

Нагласувам дека Oхридскиот рамковен договор има модел за економска поделба и на сите треба да им се дозволи менаџирање на ресурсите што им припаѓаат и за кои придонесуваат сите. Кога зборуваме за распределба на финансиските ресурси тука веќе почнуваат  конфликтите, но оваа тема допрва  ќе биде многу значајна и централна. Она што ја прави поважна е што таа е дел од децентрализацијата, која се смета за основен столб на Рамковниот договор..

Според Законот за буџет не е можно да се прави строга поделба на парите по етнички критериуми, но предлагаме да се направи некаква етничка распределба по заобиколен пат, преку измена на Законот за буџет, каде што ќе се определи дека буџетите на одредени министерства важни за немнозинските етнички заедници ќе се издвојат од централниот буџет и ќе се носат во посебна собраниска постапка со Бадентерово мнозинство, како што тоа сега се прави со буџетот на Народниот правобранител. ФАКТОР Кои се клучните инфраструктурни проекти што според Вас треба да се реализираат ? КУЧИ Гасификацијата и патната мрежа треба да бидат приоритетни проекти. Особено бавно се реализираат во северозападниот дел од Македонија.  Мора да има промена на приоритетите за гасификација на Македонија, вклучувајќи ја: линијата на гасификација Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево од петтата фаза на гасификација да премине во втората фаза со висок приоритет. Ова ќе им донесе посебен импулс на слободните економски зони, како и на  бизнисите во овој регион. Потоа реализација на слободната економска зона во Тетово. Земјоделците се соочуваат со процедурални тешкотии , праксата покажува дека тешко се обезбедуваат  потребните документи во роковите што владата ги дава за проектите  кои ги финансира. За западна Македонија - еден од клучните проекти  изградбата на Коридорот 8 (автопат и железница), други капитални патишта за поврзување на овој дел од Македонија со Албанија и Косово, патот: Тетово - Призрен; “Патот на Арбри – Rruga e Arbërit”; Тетово - Урошевац; Куманово - Белановце; Царински терминал – Јажинце, како и активирање на економската зона во Тетово и Кичево.  
Слично

Поврзани вести