Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куба е блиску до колапс - царините на Трамп „ја задушуваат кубанската економија“

Куба е блиску до колапс - царините на Трамп „ја задушуваат кубанската економија“

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел изјави дека неговиот американски колега Доналд Трамп има намера да ја „задуши кубанската економија“ со воведување царини за земјите што ја снабдуваат Куба со нафта.

„Оваа нова мерка јасно ја покажува фашистичката, криминална и геноцидна природа на групата што ги киднапираше интересите на американскиот народ за чисто лични цели“, пишува Диаз-Канел на Твитер (X).

Трамп, најавувајќи го новиот царински систем, тврдеше дека карипската земја претставува „невообичаена закана“ за Соединетите Американски Држави.

Тој се закани со царини за секоја земја што ја снабдува Куба со нафта.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе нови царини за секоја земја што ја снабдува Куба со нафта, ескалирајќи ја кампањата за притисок врз комунистичката влада на островот, која е долгогодишен непријател на Соединетите Американски Држави.

Трамп не ги прецизираше царинските стапки, ниту ги издвои земјите чии производи би можеле да се соочат со американски царини, објавува Ројтерс.

Кратко по неговото соопштение, кубанската влада предупреди дека наредбата се заканува да го парализира производството на електрична енергија, земјоделското производство, водоснабдувањето и здравствените услуги, на островот кој веќе ги чувствува последиците од тешката економска криза.

„Која е целта? Геноцид врз кубанскиот народ. Сите сфери на животот ќе бидат потиснати од американската влада“, наведе кубанската влада во соопштението.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел претходно изјави дека Вашингтон нема морален авторитет да ѝ наметне договор на Куба, откако Трамп предложи владата на островот да постигне договор со САД.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести