Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУБА: Бакарди сонува враќање во татковината, Обама економска ренесанса!

КУБА: Бакарди сонува враќање во татковината, Обама економска ренесанса!
Хоакин Бакарди сонува за враќање во татковината. "Еден ден Bacardi ќе се врати повторно во Куба ", се колне наследникот на семејната компанија и претседател на најголемиот производител на рум во светот. "Во тоа нема апсолутно никакво сомневање", вели тој. Едвај некоја друга корпоративна историја ја симболизира подобро Студената војна меѓу САД и Куба отколку што тоа го прави Bacardi. Основана во 1862 година во Сантијаго де Куба, во 1960 година станува жртва на револуцијата и беше национализирана. Семејство Бакарди бегаат на Бермудите каде оттогаш е седиштето на концернот, пишува во својата анализа германското списание Spiegel. Сега Бакарди собираат храброст да се вратат кон корените. Историското зближување меѓу непријателските држави, исто така наречено "попуштање", ја отвора истовремено и вратата пред економијата. Првата реакција на Bacardi е доста внимателна: "Се надеваме на значителни подобрувања во животот на Кубанците и ги следиме промените со голем интерес", велат од компанијата. Големиот интерес не е  само кај Bacardi. Помирувањето отвора пазар од 11,2 милиони корисници за американските компании, само на 145 километри во права линија од Флорида. Пазар, кој беше затворен за САД за период од над половина век. Сеуште не е јасно како најавеното од претседателот на САД Барак Обама отворање ќе влијае реално на американските компании. Сепак едно е јасно- Куба за една ноќ нема да се претвори во рај за американските концерни. Сепак очекувањата во САД се доста големи. "Бизнисот во САД ја поздрави пораката и поддржува многу од економските одредби кои ги објави претседателот", вели Том Донахју, претседател на Американската стопанска комора и остар критичар на Обама. "Промените се суштински и позитивен чекор напред". Меѓу мерките што Белата куќа може да ги преземе се олеснување на финансиските трансакции, дозвола за првите видови извоз (градежни материјали, стока за мали претпријатија, како што се ресторани) и зголемување на одобрените парични трансфери.Во 2013 година американски компании изнеле за Куба намирници во вредност од 3 милијарди долари и во лекови во вредност од 300 милиони долари. Самото ембарго, усвоено во 1996 година, сепак  останува за сега. Првичните реакции од републиканците даваат до знаење дека укинувањето и сега нема да се случи лесно, со оглед на тоа дека од јануари конзервативците ќе ги контролираат двата дома на Конгресот. Сепак постојат неколку бранжи кои најмногу би спечалиле од падот на ембаргото. На прво место тоа е земјоделскиот сектор, кој може многу полесно да ја извезува својата продукција за Куба. Така на пример потрошувачката на ориз во Куба е петкратно повисока отколку во САД. Пред 1960 година Островот беше еден од најважните пазари за оваа стока за САД. Новите мерки може да го направат и интернетот подостапен за Кубанците. "Може да го имаме во целата земја", вели за WSJ претприемачот Луис Куељо, кој има намера да инвестира во подводводен телекомуникациски кабел до островската држава. "Ова е огромна шанса", вели тој. Coca-Cola и Pepsi засега реагираат претпазливо и оптимистички. "Задоволство ни е да ја додадеме Куба во нашиот контингент", појаснува Pepsi. Досега Куба е една од само двете страни во кои Pepsi и Cola не се продаваат. Другата е Северна Кореја. Претстојните клучни промени во политиката на Вашингтон: Дипломатски односи: САД отвораат амбасада во Хавана; Во следните шест месеци државниот секретар Џон Кери ќе го преиспита дефинирањето на Куба како "држава, финансиер на тероризам"; Претставници на Вашингтон ќе одржат разговори на високо ниво со кубанските колеги за проблеми како имиграцијата, дрога, заштита на животната средба, трговија со луѓе; САД ќе преговараат со Куба и Мексико за поморските граници во Мексиканскиот Залив. Патување: Повеќе Американци ќе можат да патуваат до Куба; Вкупната забрана за патување може да биде укината само од Конгресот, па туризмот нема да биде решен; Дозволи за патување ќе може да има за семејни посети, новинари, професионални студии и состаноци, образовни, верски активности, претстави и спортски натпревари, хуманитарни проекти и одредени активности по извозот. Трговија: Ќе може да се тргува со приватни кубански компании со стоки за претприемачи и земјоделска опрема за мали фарми; Американците потсетија и за дозвола која ќе и овозможи на Кубанците да имаат право да понесат во САД кубанска стока во вредност до 400 долари, вклучувајќи до 100 долари тутун и алкохол за лична употреба; Забрана за трговија со Куба може да биде укината само од Конгресот. Банкарство: Американски банки ќе можат да отвораат кореспондентни сметки во кубански банки со цел да се помогне на процесот на дозволената стопанска дејност и банкарските преводи; Правилото "парите однапред" ќе биде заменето со "парите пред пренесување на правото на сопственост" со цел да се олесни финансиската трговија со Куба; Американците во Куба ќе имаат право да користат дебитни и кредитни картички издадени во САД; Телекомуникации: Се дозволува извозот од САД за Куба на телекомуникациска опрема и услуги (уреди поврзани со софтвер, хардвер и апликации); Провајдерите ќе стекнат право да достават трговски телекомуникациски и интернет услуги. К.К.
Слично

Поврзани вести