Економија, финансии, бизнис

Контакт

КСС нема да протестира за 1 мај

КСС нема да протестира за 1 мај

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) утре нема да протестира за Денот на трудот - 1 мај, најавија од таму, со образложение дека на овој празник работниците треба да се рекреираат.

Оваа одлука доаѓа сосема неочекувано, ако се знае дека еден од репрезентативните синдикати во последните два месеци најавуваше протести.

- Ние сме повеќе за дијалог со Владата и сметаме дека нема потреба за протести, туку за преговори и директно учество во креирањето на политиките - рекоа од КСС.

Од друга страна пак (ССМ), кој изминатите две години беше неактивен на Денот на трудот, веќе најави дека ќе организира протест.

Слично

Поврзани вести