Економија, финансии, бизнис

Контакт

КСС испорача две главни барања до власта

КСС испорача две главни барања до власта

На денешниот протест на КСС се изнесени две барања до власта. 

Тие бараат почитување на законите и почитување на колективните договори. Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски најави дека ако немаат слух за нивните барања ќе бидат порадикални. 

„Ако не не сослушаат деновиве донесовме одлука да продолжиме понатаму. Ќе биде порадикално и помасовно, денеска беше само предупредување“, рече Ралповски.

Порачаа дека нема почитување на минималната плата, има проблеми со неработната недела, нема 100 отсто боледување за ковид-19, а има притисоци врз синдикалните лидери. „Доста е, претеравте“, е мотото на протестот. Денешниот протест е предупредувачки. 

Слично

Поврзани вести