Економија, финансии, бизнис

Контакт

КСС го одреди терминот за протест на незадоволните работници пред Владата

КСС го одреди терминот за протест на незадоволните работници пред Владата

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралповски денеска како гостин на ТВ24 во „Студио 10“ објави дека незадоволните работници ќе протестираат пред Владата на 15 април во време од 16.00 часот.

Причини за протестот се несогласувањето на КСС за неприменувањето на законите од трудовата област, симболичното покачување на минималната плата, како и „работата во недела како неработен ден кој се користи за популизам“.

КСС бара солидарен фонд за сите работници кои ги изгубија работните места, а исто така истакна дека бара исплата на 100 проценти исплата на плата за сите работници кои се заразени на работно место, како повреда на работно место.

Слично

Поврзани вести