КСС БАРА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ОД НАДЛЕЖНИТЕ: Треба ли да има цела плата за оние кои ќе заболат од Ковид-19?
Стопроцентна плата да земаат оние кои ќе се разболат од ковид и оние кои поради изолација нема да можат да одат на работа. Ова е барање на Конфедерацијата на слободни синдикати од каде уште еднаш го побараа истото.
Од КСС досега повеќепати укажаа за биолошките штетности на кои се изложени многу вработени па оттука и тоа барање, за спроведување на Законот.
Имено, согласно Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје на вработени изложени на биолошки штетности, САРС-КоВ-2 е запишан како корона вирус од фамилија "coronaviridae", што е во согласност со дополнувањето на Европската Директива за биолошки агенси и заштита на работниците од ризици, за вирусите од фамилијата "coronaviridae" утврдено е безбедносно ниво како и во европското законодавство.
КСС бара надлежните да го спроведуваат законот за почитување на работникот и неговите права.
