Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРВАВОТО ЛИЦЕ НА ЕВРОПА: Хаос во Гевгелија, дете го здрма струја, општа тепачка на мигранти!

КРВАВОТО ЛИЦЕ НА ЕВРОПА: Хаос во Гевгелија, дете го здрма струја, општа тепачка на мигранти!

Мали деца ги туркаат низ прозорите на вагоните секој пат кога возот за Србија застане на станицата во Гевгелија.

Судирите меѓу мигрантите се повторуваат и денес, кога физички се преметуваат Сиријци, Авганистанци и Иранчани за да дојдат до место во возот за Белград, последната станица на пат кон Унгарија и ЕУ. Само неколку полицајци и еден Курд со голема мотика во рака претставуваат единствена трага овде да се спроведе ред, пишува Ројтерс.

djevdjelija-20150815reutersstoyan-nenovgevgelijadi008180245preview_ff

Овие сцени станаа секојдневие во Гевгелија, која станува нов фронт како островот Кос во Грција или француското пристаниште Кале, со реки имигранти кои се обидуваат да дојдат до Европа.

djevdjelija-20150815reutersstoyan-nenovgevgelijadi008180230preview_ff

Перонот се претвори во пазар, на кој локалните Македонци продаваат пиење, цигари и облека. Еден човек изнајмува полначи за мобилни.

djevdjelija-20150812apboris-grdanoskigevgelijadi008167081preview_ff djevdjelija-20150814reutersstoyan-nenovgevgelijadi008177374preview_ff

-Овде сум 9 часа и ништо немам јадено цел ден. Срам да и биде на оваа земја - вели 27-годишниот Азиз Хасун кој вели дека дошол од Сирија.

Хасан Ахмад (50) од Дамаск вели дека на превозот на себе и својот син од 23 јули до денес потрошил 16.000 долари, а повеќе од парите им дал на криумчарите и корумпираните полицајци. Ахмад вели дека е киднапиран и мачен во Сирија и дека бил принуден да бега.

djevdjelija-20150812apboris-grdanoskigevgelijadi008167012preview_ff djevdjelija-20150814reutersstoyan-nenovgevgelijadi008177338preview_ff

-Нема за мене таму живот. Ја оставив жената кај нејзиното семејство, а мојот син ја остави својата вереница-вели тој.

Едно момче е хоспитализирано, со лице покриено со крв, откако што се качи на електричен столб како меѓу првите би видел дали доаѓа возот, но при таа прилика го ударила струја кога ги допирнал жиците.

djevdjelija-20150814reutersstoyan-nenovgevgelijadi008177077preview_ff djevdjelija-20150814reutersstoyan-nenovgevgelijadi008177257preview_ff

Младиот Сириец Анас Сифрини, од разорениит град Алепо, вели дека е осуден на година дена затвор и дека бил принуден да плати 11 000 евра како би бил ослободен. Вели дека патува 4 месеци. Додека говорел полицаец го удрил со пендрек за да го оддалечи од возот.

-Ова не е ништо. Во Грција полицијата ме уапси и претепа, а кога му се пожалив на тамошниот шеф. и тој ме изнатепа-раскажува тој.

djevdjelija-20150814reutersstoyan-nenovgevgelijadi008177375preview_f

-Мојата ќерка и жена се во Шведска. Ќе направам се да дојдам со нив. Ќе патувам ако треба и 4 години, не само месеци - порачува.

Уште еден воз тргна кон Србија

Воведувањето на вонредни возови за превоз на мигранти до Табановце не го реши проблемот во Гевгелија. На улиците има многу семејства - трудници, беби и училишни деца. Денес кон Србија после повеќе часа чекање тргнал уште еден воз.

Инциденти како вчерашните се можни во секој момент - така околку попладне на билетарницата во железницата дошло до тепачка на авганистански и сириски мигранти кои сакаат да купат карти за возот кој околу 17 ч би требало да е тргнат кон Србија.

djevdjelija-20150814reutersstoyan-nenovgevgelijadi008177375preview_f djevdjelija-2--20150815reutersstoyan-nenovgevgelijadi008180395preview_ff

Утрово околу 4.30 ч мигрантите за 10 мимути го пополниле цел еден воз, а на полицијата и требале час и пол време да 100 или 200 луѓе ги извлечат од возот како кондуктерите би можеле да ги проверат картите.Истата сцена се очекува и со возот кој пристига во Гевгелија,

Тажна слика на железничката станица го обележала и утрово: Сопствениците на станови на станицата го полевале бетонот пред зградата како мигрантите тука не би се собирале.

Во Гевгелија пристига уште една голема група мигранти.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UNNAyarudKc[/embed]

 ФОТО-ВИДЕО: Ројтерс

Слично

Поврзани вести