Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРВАВО ЗЛОСТОРСТВО ВО ХРВАТСКА: Убиена е една жена, две деца се ранети и уште тројца луѓе се борат за живот

КРВАВО ЗЛОСТОРСТВО ВО ХРВАТСКА: Убиена е една жена, две деца се ранети и уште тројца луѓе се борат за живот

Во населбата Параг кај Чаковец, во хрватско Меѓумурје синоќа се случил крвав инцидент во кој е убиена една жена, две деца се ранети, и уште тројца луѓе се борат за живот во болницата во Чаковец. Според хрватските медиуми, сите учесници во крвавата пресметка се уапсени и не се трага по сторителот.

Полицијата наведува дека ситуацијата сега е под контрола во Параг и дека во текот на денот ќе се одржи прес -конференција, на која ќе објави се што утврдила истрагата по страшното пукање.

Според информации од болницата во Чаковец, на сите ранети лица им била пружена соодветна медицинска помош.

- Можам да потврдам дека вчера во вечерните часови и доцна вечерта, вкупно осум пациенти кои се поврзани со наведеното пукање беа прегледани во просториите нашата здравствена установа. Од пациентите кои дојдоа, тројца од нив беа пуштени дома. Станува збор за дете кое има прострелна рана, згрижено и пуштено дома, едно дете кое доживеа стресна реакција исто така беше прегледано и пуштено дома, а еден господин поврзан со настанот беше прегледан, немаше сериозни повреди и беше пуштен дома, изјави директорот на болницата, д -р Игор Шеговиќ.

- За жал, едно женско лице, 62 години, почина од тешки повреди поврзани со пукањето. Четири лица се примени на хируршкото одделение, од кои три се оперирани. Една операција траеше речиси цела ноќ, а во моментов тие три лица се на апарат за дишење. Најверојатно, се ќе биде добро, лекарите и медицинскиот персонал се борат за животот на овие пациенти, додаде Шеговиќ.

Досега три лица се приведени во врска со настанот, а дали едното од нив е одговорно за трагедијата ќе се знае во текот на денот.

ФОТО: Tanjug/AP

Слично

Поврзани вести