Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРВАВИ ЖУРКИ ВО ЕВРОПА: Пукање во ноќни клубови во Германија и Хрватска, убиени двајца

КРВАВИ ЖУРКИ ВО ЕВРОПА: Пукање во ноќни клубови во Германија и Хрватска, убиени двајца

Во текот на ноќта се случиле два посебни случаи на пукање во ноќни клубови во Германија и Хрватска во кои две лица го изгубиле животот, а петмина други се повредени.

Имено, еден маж загинал, а три лица се повредени во пукање кое ноќеска околу 2 ч по локално време се случило пред еден клуб од северозападниот дел на Берлин.

Мотивот на пукањето не е познат, но според првични информации, на огнената пресметка и претходела расправија на неколку луѓе.

Во еден ноќен клуб во Сењ во Хрватска ноќеска дошло до пукање во кое едно лице загинало, а две се повредени.

Полицијата набрзо го уапсила напаѓачот.

Пукањето се случило во рсните утрински часови околу 5.47ч, додека животот го загубил 38-годишник, а повредени се 26 и 27-годишници.

Слично

Поврзани вести