Крвави локални избори во Турција – осум лица се убиени!
Осум лица се убиени во Турција во инциденти за време на гласањето на денешните локални избори во земјата, кои се сметаат за клучен тест за довербата на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.
Во неколку населби во близина на турско-сириската граница, се судриле приврзаниците на кандидатите за градоначалници, при што загинале осум луѓе, а најмалку 14 се повредени.
Во останатите делови од земјата изборите поминале мирно, иако во Турција владее исклучителна поларизираност меѓу приврзаниците на Ердоган и неговите противници, кои особено го обвинуваат за инволвираност во корупциските скандали што ја потресуваа турската Влада, но и за ограничување на слободите преку забрана на Твитер и Јутјуб.
Од исходот на изборите ќе зависи и одлуката дали 60-годишниот премиер ќе се кандидира за претседателските избори во август. На денешното гласање одлучуваа околу 53 милиони турски граѓани.
Слично
