КРВАВА ЖУРКА ВО БЕЛГРАД: Кон лице од обезбедувањето испукани 7 куршуми, претходно настрадал и брат му
Еден човек, обезбедувач во познатиот белградскиот клуб „Стефан Браун“ е тешко повреден откако во него пукал гостин во локалот. Српските медиуми пишуваат дека повредениот е со иницијали М.Ч. и има 41 година. Тој бил погоден со седум куршуми, а како што дознава српски Курир му биле оштетени панкреасот, бубрегот и тенкото црево.
Според нивниот извор, конфликтот во клубот настанал поради девојка.
„Група од четири или пет момци дојде во клубот и имаше една девојка со нив. Флертуваше со сите, се смееше, не знам дали беше во врска со некој од мажите со кои дојде. Набрзо се степаа со друга група гости, вели извор на Курир.
Обезбедувањето брзо реагирало, а гневните момци биле исфрлени од клубот. Еден од нив сепак се вратил со пиштол, кој наводно го извадил од автомобилот.
„Претпоставувам дека сакал да пука во некој што бил внатре, но обезбедувањето не му дозволило да влезе. Потоа го извадил оружјето и пукал кон М.Ч. и го погодил со седум куршуми, велат очевидците.
Другите српски медиуми јавуваат дека за повредениот се бара крв и тој се бори за живот. Пред 13 години било пукано и неговиот брат кој исто така бил обезбедување.
На местото на пукањето пронајдени се 8 чаури 7,65 мм.
Во клубот имало и траги од крв
