Крвава пресметка во ноќен клуб - Пукал со пиштол во гостите
Доцна вечерта во Ваљево дошло до тежок инцидент во кој едно лице е убиено со пиштол. Незадоволен гостин започнал да пука во посетителите на ноќен клуб.
Како што пишува српски Блиц, до пукањето дошло кога непознат маж, кого претходно обезбедувањето не го пуштило во ноќниот клуб лоциран на улица „Кнез Милош„ почнал да пука од пиштол, преку излогот на клубот, во кој во тој момент имало музички настап и многу гости. Во нападот се повредени уште лица но, се во стабилна состојба.
Полицијата по потерата го пронашла и уапсила напаѓачот.
Слично
