КРВАВА ПРЕСМЕТКА НА ГАЗДИ НА ПЛАЖИ И КАФЕАНИ - четири лица загинаа во Албанија
Четири лица загинаа, а две се повредени во пукање на плажа во северна Албанија.
Според албанските медиуми, пресметката се случила доцна синоќа на плажата во Велипоје.
Според првите информации, ова е мафијашка пресметка.
Според албанските медиуми, некои од жртвите се сопственици на локални кафулиња и ресторани на плажа и и се познати на полицијата уште од претходно.
Меѓу жртвите има лица на возраст од 20 до 59 години.
Две ранети лица се осомничени дека учествувале во конфликтот.
Слично
