Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крвава драма во Струмица – Го нападнал убиецот на мајка си

Крвава драма во Струмица – Го нападнал убиецот на мајка си
Голема трагедија го потресе струмичкото село Барбарово каде старица е брутално убиена со нанесување на фатална рана во главата со тврд предмет. За драмата да биде поголема синот на старицата се посомневал во својот сосед и тргнал со стап во неговиот дом за да се пресмета. При големата расправа Т.А. се здобил со три убодни рани од осомничениот А.А кој пак добил повеќе удари со стап. Мртвото тело на старицата го пронашла внуката. По добиената пријава за случувањето, на местото на настанот излегле и увид ивршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. А.А. е лишен од слобода и е задржан во ПС Струмица. По целосно документирање на настанот против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Слично

Поврзани вести