КРВАВА ДРАМА ВО КУМАНОВО: Зетот го уби дедо си, а го рани шурата!
Едно лице е билансот од крвавoт инцидент кој ја потресе кумановската Дива Населба.
Епилогот е убиство на 71-годишен дедо и повреден 30-годишен шура. Тие двајцата всушност се мета на поранешниот зет со кој не биле во добри односи.
После пукањето, убиецот во случајот, Бекир.Н. избегал и по него се трага.
Имено, се се случи денеска околу 11.20 часот кога косовски државјанин, кој со години живеел во Швајцарија се вратил и во куќата на поранешната жена ги убил со огнено оружје дедото Риза Р. (71), а тешко го ранил шурата А.Р. (29) и избегал кој е во кристична состојба.
Надлежните соопштуваат дека пациентот бил во тешка здравствена состојба, по соодветен третман за обезбедување на виталните функции со обезбедени повреди, во присуство на анестезиолог, е проследен до Ургентен центар - Скопје, а додека јавното обвинителство издало наредба за обдукција на убиениот и прибирање на докази за расчистување на случајот.
Блиските и соседите за убиениот Риза раскажуваат дека бил добар човек и дека ни муза не би згазил, но проблематичен бил неговиот поранешен зет, кој бил оженет со неговата ќерка единица и со која имал дете и биле разведени при што ќерката на убиениот и нејзиното дете се вратиле во Куманово, а осомничениот во случајот Бекир живеел во Швајцарија.
„Тој не се однесуваше добро ниту кон неа ниту кон детето. Се разведоа, таа и синот си се вратија дома во Куманово“, раскажуваат блиските.
Косовецот дошол во Куманово. Се доближил до куќата на поранешната сопруга и по кусата расправија, пукал безмилосно. Потоа, побегнал со „аудито“ со швајцарска регистрација со кое што и пристигнал.
Овој инцидент е само продолжение на инцидентите од почетокот на мај кога
Македонија беше во епицентарот на антитерористичка операција, која заврши со 8 убиени спецполицаи и 37 повредени.
Минатата недела заменик-директорот на Националната агенција за приходи во Република Македонија Аргетим Асанај беше застрелан во градот Струга.
