Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крвав биланс по бомбашките напади во Истанбул - 29 мртви, 166 ранети

Крвав биланс по бомбашките напади во Истанбул - 29 мртви, 166 ранети

Во двете вчерашни експлозии од бомби во близина на фудбалскиот стадион на Бешикташ во Турција крвавиот биланс се зголеми на најмалку 29 мртви и 166 ранети, од кои дури 27 се загинати полицајци кои биле ангажирани за обезбедување на натпреварот со Бурсаспор. 

- Прво експлодирала автомобил-бомбата, а една минута подоцна се разнел бомбашот самоубиец во блискиот парк, изјави министерот за внатрешни работи на Турција Сојлу. 

Десет лица се уапсени врз основа на податоците на детонираното возило, пренесуваат агенциите, а засега никој не ја презел одговорноста за нападот, па уште е рано за да се утврдат мотивите.


Слично

Поврзани вести