Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крстот во Бутел сепак ќе се гради

Крстот во Бутел сепак ќе се гради

По вчерашните протести и контра-протести пред камен темелникот за изградба на 55-метарскиот крст во Бутел, неколку медиуми јавија дека Владата на итна седница ја повлекла одлуката за изградба.

„Не е донесена таква одлука вчера воопшто и немаше седница. Во целост ја демантирам таквата шпекулација “- изјави денеска  Александар Ѓоргиев портпарол на Владата.

Одлуката за изградба на крстот останува, но оние кои се против тоа нема да се откажат.

Членовите на ДУИ вчеравечер го тргнаа кампот, кој  беше поставен на местото каде што ќе се гради крстот, но не се откажуваат од своите барања.

Од ДУИ кажаа дека се повлекуваат за да им овозможат на православните верници утре слободно да ги посетат гробиштата на Задушница. Но, ќе продолжат институционално да го решаваат проблемот и со помош на меѓународната заедница.

Инаку, вчеравечер беше тензично во Бутел, откако група Македонци се појавија на контра-протест. Тројца полицајци беа повредени во немирите кои настанаа меѓу двете групи, Алабанци и Македонци, меѓу кои имаше полициски коридор, кој не дозволуваше двете толпи да се доближат.

Слично

Поврзани вести