Економија, финансии, бизнис

Контакт

АМБАСАДОРОТ КРСТЕВСКИ ПОВИКАН ОД ЗАХАРИЕВА: Бугарските дипломати разочарани од негативната кампања против Гарванлиев

АМБАСАДОРОТ КРСТЕВСКИ ПОВИКАН ОД ЗАХАРИЕВА: Бугарските дипломати разочарани од негативната кампања против Гарванлиев

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева го покани привремениот амбасадор на Република Северна Македонија во Софија, Владимир Крастевски на разговор во Министерството за надворешни работи. На состанокот присуствуваше и в.д. директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Ива Крулева, пишува денеска Bg news.

Според наводите на порталот, бугарските дипломати изразиле длабока збунетост и разочарување од големата негативна кампања во Република Северна Македонија против претставникот на Евровизија 2021 година, Васил Гарванлиев.

-Бугарија ќе продолжи да ги вложува сите неопходни напори во согласност со принципите на меѓународното право за да ги заштити правата на бугарските граѓани и граѓаните кои прогласуваат бугарски идентитет, каде било во светот, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.


Слично

Поврзани вести