Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крсте Блажевски од ХОТАМ побара субвенции за вработувања на странци, наместо невработени државјани

Крсте Блажевски од ХОТАМ побара субвенции за вработувања на странци, наместо невработени државјани

Крсте Блажевски, претседателот на асоцијацијата на угостители од охридско-струшкиот регион ХОТАМ, побара од државата да ги субвенционира вработувањата на странските работници, наместо оние кои се пријавени како невработени.

Според угостителот, во услови на голем број на отворени работни места, оние што се водат како невработени баратели на работа во Агенцијата за вработување не се сериозни во своите намери, додека од друга страна на Македонија и се заканува уште поголем бран на одлив на работници.

„Под тоа биро се неработници и не сакаат да работат, а странците доаѓаат и ги плаќаат нешто повеќе од останатите. Сите олеснувања, дали фирмата е мала или голема,  , треба да ги добие и да бидеме во еден ист кош“, изјави Блажевски во вестите на Сител.

Инаку, од Германија стигаат најави дека ќе има олеснувања за дополнителен број на 50.000 потребни работници од Балканот.

Слично

Поврзани вести