Кроација ерлајнс доби нов Ербас, прв од ваков вид во светот
„Кроација ерлајнс“ го пречека седмиот од 15 нови авиони „Ербас А220“ во Загреб во вторник, додека компанијата ја обновува и модернизира својата флота.
Ова е првиот нов авион „А220-100“ во флотата на „Кроација ерлајнс“, со регистрациски ознаки 9A-CAO и именуван Дубровник.
Новиот „А220-100“ пристигна од фабриката на „Ербас“ во Мирабел, Канада, како и сите шест нови авиони „А220-300“ со 149 седишта што досега се воведени во флотата на хрватската национална авиокомпанија.
Извршниот директор на „Кроација ерлајнс“, Јасмин Бајиќ, истакна дека е особено интересно што новиот авион има најголем број седишта од кој било авион од овој тип, 127.
Завршувањето на целото обновување на флотата е планирано за 2027 година, кога флотата на „Кроација ерлајнс“ треба да вклучува 15 нови авиони „А220“, од кои 13 ќе бидат „А220-300“ и два „А220-100“.
