Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кроациа осигурување нуди различни пакети за домаќинско осигурување

Кроациа осигурување нуди различни пакети за домаќинско осигурување

Грижата и заштитата на имотот, домаќинството и на здравјето започнува со осигурувањето.

Со осигурувањето го заштитуваме своето здравје, покривот над главата и сето она што има вредност за нас. Подобра и поквалитетна здравствена услуга, заштита од несреќи при патување, нашиот дом, автомобилот, сè можеме да осигураме и со тоа да бидеме подготвени за секакви можни сценарија. Со обезбедување осигурителна полиса му даваме и дополнителна вредност. 

За поцелосно или пак конкретно насочено осигурување Кроациа нуди различни пакети за домаќинско осигурување, согласно расположливиот буџет и потребите. Со осигурителните полиси во зависност од потребите,опфатен е широк опсег ризици и тоа од пожар, удар од гром, експлозија, град, излевање вода, удар на сопствено моторно возило во осигурени предмети, кражба, поплава, снежна лавина, лизгање и одронување, вандализам, кршење стакла за застаклени балкони, кршење санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи. Дополнително може да се вклучи осигурување на членовите на семејството од незгода и осигурување од земјотрес, кое Кроациа Осигурување го нуди во соработка со Европа Ре Швајцарија.

Граѓаните ги препознаа како квалитетни и најчесто ги бараат трите пакети – CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR. Тие претставуваат комбинација од различни видови осигурувања, па така секој може да најде најповолен пакет за сопствените потреби. Со нив е опфатено домаќинското осигурување, осигурување на патнички возила, осигурување од незгода, како и здравствено осигурување. Се нудат и гратис производи или попусти  за купувачот.

foto freepik

Слично

Поврзани вести