Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризната состојба со топлинска енергија продолжува до 30 април

Кризната состојба со топлинска енергија продолжува до 30 април

Владата го продолжи рокот за постоење на кризна состојба со топлинска енергија до 30 април. 

На денешната 13-та седница, која што се одржа преку видео-конференциска врска, Владата донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

„На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на Министерството за економија, со оваа одлука се продолжува рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија до 30 април 2022 година. Одлуката, која ќе биде испратена на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија, ќе отпочне да се применува од 17 февруари 2022 година“, соопштија од Владата. 
Инаку, 170 милиони евра досега ја чини државата енергетската и топлинската криза. Ова го соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши. 

Слично

Поврзани вести