Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризната ситуација со Макпетрол ќе отвори апетити за други играчи на пазарот!

Кризната ситуација со Макпетрол ќе отвори апетити за други играчи на пазарот!
Самото блокирање на сметките и имотот на Макпетрол ќе значи дополнителни апетити за други "играчи" и заземање на пазарот, вели Митко Андреевски, енергетски консултант. Тој додава дека иако има само уште една сериозна компанија која би изразила подготвеност за влез на македонскиот пазар, сепак би било погрешно да се стреми влез на странска нафтена компанија на местото на домашната Макпетрол. Фактор: Дали на Македонија може да се соочи со недостиг н нафта и нафтени деривати, сега, откако сметките на на нафтената компанија Макпетрол се замрзнати? Митко Андреевски: Пред се, сакам да се оградам од коментар за политичко-правниот-судскиот-медиумскиот случај кон Макпетрол, и кривичниот прогон кон дел од менаџментот. Ќе зборувам само за енергетскиот дел и последиците! Во Република Македонија, пазарот со нафта и нафтени деривати е либерализиран од 2005 година. Постојат неколку компании кои можат да го потполнат делот кој го има Макпетрол на пазарот. Така што не постои можност за нафтена криза во земјава, освен зголемена фрекфенција на останатите бензиски станици. Тука треба да се нагласи дека Макпетрол има најголем синџир на бензински станици и можно е неколку помали населени места да имаат сериозни проблеми. Генерално, кога збориме за Репубика Македонија, сметам дека не е закана неработењето на Макпетрол. Фактор: Телевизија Телма, што е во сопственост на Макпетрол, објави дека замрзнатите сметки може да бидат проблем и за стартот на грејанта сезона за повеќе државни институции, болници и училишта? Митко Андреевски: Во врска со снабдувањето со нафтени деривати и договорите кои ги имаат потпишано Макпетрол и други социјално/здравствени/образовни институци, потребно е да се активира снабдување од друг добавувач по новонастаната состојба, поради итни и неодложни работи. Сепак не очекувам дека оваа состојба ќе трае до почетокот на грејната сезона или по 15.октомври. Фактор: Дали, постои опасност од недостиг на керозин за аеродромите, ако оваа ситуација нема брза разрешница? Митко Андреевски: Во делот за снабдување со керозин на аеродромите на ТАВ, можеби е најделикатна целата операција за замена на Макпетрол со друг снабдувач, од причини дека на нашиот пазар сеуште нема компанија со такво искуство. Кога се работи за снабдување со керозин, постојат одредени процедури за контрола и изолирање на примерок од керозинот пред да биде доставен во авионите. За ова потребно е добро обучен тим со искуство, технички можности и секако доволен капацитет на резервоари за складирање и непречено обавување на таа дејност. Ова според мене е најкритичниот дел во случајот "нафтена криза-макпетрол" Фактор: Дали постои опасност од ппроблеми со снабдувањето со гас, за сите оние кои го користат во своето работење? Митко Андреевски: Во делот на трговија со природен гас, Макпетрол не е единствен играч на пазарот. Во РМ има неколку компании кои можат во секој момент да ги снабдуваат институции и фирми кои користат природен гас, и во овој дел не гледам никакви проблеми... Фактор: Што ќе значи за енергетскиот пазар блокирањето на сметките на Макептрол? Митко Андреевски: Самото блокирање на сметките и имотот на Макпетрол ќе значи дополнителни апетити за други "играчи" и заземање на пазарот. Сепак треба да се има на ум дека постои само уште една сериозна компанија која би изразила подготвеност за влез на македонскиот пазар, се останато е во делот на шпекулации и неетаблирани и доста помали компании од досегашниот Макпетрол. Би било погрешно да се стреми влез на странска нафтена компанија на местото на домашната Макпетрол. С.Н.
Слично

Поврзани вести