Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата во Србија, причина Кинезите масовно да ја напуштаат земјата

Кризата во Србија, причина Кинезите масовно да ја напуштаат земјата
Кинезите трговци масовно ја напуштаат Србија, барајќи подобри услови за живот. Причина за тоа, како што пишува весникот „Новости“ е лошата економска состојба во земјата. Доселувањето на Кинезите почна на крајот на деведесеттите години, кога беше либерализиран визниот режим. На почетокот, тие отворале помали продавници во провинциите, а некои отвориле и кинески ресторани во Белград. Неофицијалната бројка на Кинези кои привремено престојуваат во Србија е неколку десеттина илјади лица, а според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи, на територијата на Србија, живеат околу 15.000 Кинези.    
Слично

Поврзани вести