Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата удри и по АД „Бутел“- повисоки цени за умирачка

Кризата удри и по АД „Бутел“- повисоки цени за умирачка
АД „Бутел“  бара двојно поскапување на погребните услуги поради високите цени на струјата и нафтата и ниската наплата на гробарината. Планот е за 100 отсто да поскапи  гробарираната, користењето ладилник и капела, а можно е и 100 евра повеќе да се наплаќа за нов гроб. Според градскиот Сектор за комунални работи барањата на „Бутел“ се  комплексни и треба време за разгледување на нивното барање. Од претпријатието пак  напоменуваат дека се во тешка финансиска состојба, а  причина за тоа се и ниските цени што ги наплаќаат од операторите и каменорезачите и  високите трошоци за бетонскиот фундамент.
Слично

Поврзани вести