Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИЗАТА ПОЛЕКА ГО ЗЕМА ДАНОКОТ: Индустријата жртва-пад за 4,4 отсто

КРИЗАТА ПОЛЕКА ГО ЗЕМА ДАНОКОТ: Индустријата жртва-пад за 4,4 отсто

Предупредувањата на многумина почнаа да се остваруваат.

Дека политичката криза која траеше подолг период изгледа данокот ќе го зема на долг рок.

Доказ за тоа е падот на индустријата кој прв пат годинава оди во негативен тренд.

Податоците на ДЗС покажуваат дека 4,4 отсто паднало индустриското производство, а најголем пад е забележан во секторот Рударство и вадење на камен. Таму е забележан пад од 21.1%.

0,3% пад бележи Преработувачка индустрија додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 20.4%.

Споредбено со јуни 2015 производството во јуни годинава има пораст кај трајните производи за широка потрошувачка за 77.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 25.9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2%, Капитални производи за 7.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6%.

Она што бележи плус и позитива е индексот  на индустриското производство кој во првиот квартал од 2016 е 5,6 отсто .

Слично

Поврзани вести