Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата почнува да се разврзува, ќе има предвремени избори во април

Кризата почнува да се разврзува, ќе има предвремени избори во април

Во Македонија ќе има предвремени парламентарни избори во април 2016 година, соопшти еврокомесарот за односите со соседните земји и преговорите за проширување на ЕУ Јоханес Хан по продолжените над осум часа разговори со политичките лидери во Скопје.

Деталите ќе бидат дефинирани на разговорите во Брисел следната недела, додаде Хан.

Тогаш ќе стане јасно кој ќе ги организира изборите и кој ќе ја предводи владата дотогаш.

Еврокомесарот ја оцени средбата како конструктивна.

Во предизборниот период до април треба да бидат реформирани избирачките списоци, за да се обезбеди произведувањето на фер избори, посочи тој.

Лидерите на четирите политички партии во Македонија застанаа зад него. Нема никакви други детали за тоа што се зборувало на средбата - маратон.

Јоханес Хан замина, подоцна си заминаа и лидерите - премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи.

Слично

Поврзани вести