Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата најмногу удри на преработувачката, металната и електроиндустријата

Кризата најмногу удри на преработувачката, металната и електроиндустријата

Се повеќе странски партнери претежно од  земјите на Европската унија и Блискиот Исток откажуваат соработка со македонските компании поради актуелната криза. Ова е заклучокот на директорката во Стопанската комора на Македонија Билјана Пеева Ѓуриќ.

Преработувачката, металната и електроиндустрија се најмногу погодени од кризата поради, како што истакнува Пеева Ѓуриќ,  откажувањето на веќе договорените и прецизирани датуми за посети на странските партнери кои имале за цел да ги разгледаат капацитетските можности и да дефинираат детали за склучување нови договори.

„Ваквата ситуација во наредниот период негативно ќе влијае врз поголемото ангажирање на капацитетите, зголемувањето на производството, вработувањето и размената со странство“, истакна Пеева Ѓуриќ, изнесувајќи ги резултатите од последното анкетно истражување на Комората спроведено во средината на април годинава.

Засега актуелнава криза не се одрзила единствено врз градежниот сектор, но следни на удар може да се најдат фармацевтската, земјоделската и прехранбената индустрија.

Стопанската комора оценува дека е охрабрувачки што голем дел од македонските компании кои имаат долгогодишни стратегиски партнери и сигурни пласмани надвор, засега немаат најави за раскинување на договорите или нивно редуцирање.

Слично

Поврзани вести