Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИЗАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК НАЈГОЛЕМ РИЗИК ЗА ЕКОНОМИЈАТА: НБРСМ во најновите проекции бележи ‘забавување на економската активност’

КРИЗАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК НАЈГОЛЕМ РИЗИК ЗА ЕКОНОМИЈАТА: НБРСМ во најновите проекции бележи ‘забавување на економската активност’

Светската економија и понатаму се соочува со неизвесност поради воениот конфликт на Блискиот Исток, што резултира со поскапување на енергенсите што пак го забавува растот, а истовремно ја држи инфлацијата висока. Ова се накратко ризиците кои се пренесуваат и врз македонската економија, кои ги детектирал тимот на Народната банка на Македонија.

Во нивниот преглед на тековните случувања од НБРСМ истакнуваат дека најновите проекции за периодот 2026–2027 година упатуваат на умерено забавување на економската активност, со повисоки ценовни притисоци и голема неизвесност поврзана со воениот конфликт.

Надолните ризици за глобалниот раст се поврзани со можно разгорување или одолжување на конфликтот, што би можело да ја зголеми инфлацијата преку поскапување на енергенсите и ѓубривата, како и да ја намали довербата на потрошувачите и деловниот сектор.

Од друга страна, економијата би живнала доколку дојде до трајно мирно решение на конфликтот, намалување на трговските бариери...

-  Наспроти тоа, постигнување трајно и мирно решение конфликтот, намалување на трговските бариери, пред се од САД, како и инвестициите поврзани вештачката интелигенција се фактори коишто може да делуваат позитивно врз глобалниот економски раст во наредниот период– се посочува во нивниот извештај испратен до пратениците.

Притоа се посочува дека за домашната економија, гледано од аспект на опкружување, странската побарувачка е ревидирана минимално надолу, додека странската инфлација нагоре, со очекување на забавување во 2027. Девизниот курс евро/долар се очекува со минимална депрецијација на доларот, а светските цени на нафта, пченица и метали се ревидирани нагоре, додека цените на пченката се благо намалени.

-  Најновите показатели од домашната економија упатуваат на макроекономска слика којашто засега е во согласност со априлските проекции. Во првиот квартал од 2026 година, реалниот годишен раст на БДП забави и изнесува 3,1%, а раст е забележан и на квартална основа. Остварената годишна стапка на раст е блиска со оцената од априлскиот циклус проекции. Анализирано по компоненти, годишниот раст произлегува од позитивниот придонес на домашната побарувачка, при солиден раст на личната и на јавната потрошувачка и поумерен раст на бруто-инвестициите, додека нето-извозот има минимален негативен придонес, во услови на раст и на извозната и на увозната активност– укажуваат од НБРСМ.

Во монетарниот сектор, депозити на годишна основа се зголемија за 9,1%, а вкупните кредити на приватниот сектор пораснаа за 13,3%, со забележан пораст кај новоодобрените кредити. Девизните резерви на крајот на мај 2026 година изнесуваа 5,209,7 милиони евра, задржувајќи се во безбедната зона.

Буџетот на РСМ оствари дефицит од 25.567 милиони денари во периодот јануари–април 2026, или 65,2% од планираниот за 2026 година, финансиран преку нето-задолжување на државата.

Во услови на геополитичка неизвесност и ценовни притисоци, домашната економија и натаму покажува стабилност и отпорност, со поумерен, но солиден раст во првиот квартал на 2026 година.

-  Движењето на клучните макроекономски показатели ги потврдуваат главно неповолните услови за спроведување на монетарната политика. Иако според најновите информации се поизвесно е дека ќе дојде до скоро смирување на конфликтот на Блискиот Исток, сепак геополитичките случувања оставија економски последици, а неизвесноста околу темпото на целосна стабилизација на тековите и понатаму создава ризици. Домашната економија и натаму останува генерално отпорна на неизвесното и променливо надворешно окружување, забележувајќи поумерен, но солиден економски раст во првиот квартал од 2026 година– се укажува во нивната анализа.

П.О. 


Слично

Поврзани вести