Г
олем удар врз големите компании кои градат или произведуваат материјали за градба (чии акции се тргуваат на берзата). Во првите три месеци нивните приходи од продажба паднале за 9 милиони евра во споредба со истиот период лани. Компаниите кои тргуваат со нафта и деривати во овој период со приходи пониски за речиси 15 милиони евра од истиот период лани. Лоши индикации и во шпедитерскиот бизнис, во некои сегменти на земјоделството и во индустриски гранки, големи падови во приходите кај трговски фирми во малопродажба. Време ли е да се вклучи алармот? Реално ли да е очекуваме раст на БДП кога големи македонски компании преку приходите од продажба во првиот квартал укажуваат на тоа дека ќе биде солидно да се биде на ланско ниво?
Паѓаат приходите од продажба кај поголем број од компаниите чии акции котираат на двата сегменти на Официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност. Ова го покажаа резултатите од анкетата на финансиските извештаи за првиот квартал годинава во која беа опфатени 46 компании кои имаат приходи продажба повисоки од 50 милиони денари. Во анкетата беа опфатени вкупно 46 компании од областите: градежништво, машинска и метална индустрија, фармација, трговија на големо и на мало, угостителство, производство на храна, пиво и на вино, услуги од областа на логистика и шпедиција, телекомуникациски услуги, земјоделство, осигурување и конфекција и трикотажа. Од анкетираните 46 компании дури 25 фирми во првиот квартал годинава имаат пад на приходите од продажба во споредба со лани, а побројни меѓу нив се компаниите кои исклучително или во голема мерка продаваат продукти и услуги на домашниот пазар. Ако се има во предвид дека меѓу компаниите со пад на приходите се најголемите во оваа конкуренција: Окта, Макпетрол, цементарницата Усје, Макстил, Фершпед, Реплек, Скопски пазар, ФЗЦ 11 Октомври, Македонски телеком, Гранит и Бетон тогаш е очигледно е дека тенденцијата треба да се согледа со внимание и појавата да се набљудува во континуитет. Заради влијанието на овие „економски џинови“ врз нивните коминтентни, партнери и подизведувачи. Ова мора да се сфати особено сериозно заради тоа што се знае дека влијанието на овие македонски компании е сериозно големо врз вкупната национална македонска економија.
За да не биде се толку лошо мора да се истакне дека има компании кои и во овие услови на работа успеваат во континуитет да ги „билдаат“ своите приходи од продажба и да ја подобруваат својата пазарна позиција како на домашниот пазар така и надвор од земјава. Во таа група се: Алкалоид, Витаминка, Прилепска пиварница, Тиквеш, Арчелор Митал ЦРМ, ЗК Пелагонија, Факом и уште некои други. Сепак крајниот исход е негативен. Затоа што агрегатот на приходите од продажба на сите 46 компании за првите три месеци годинава 354 милиони евра, а ални во истиот период бил поголем за 27 милиони евра.
Градежниците и Усје со најголем пад
Од анкетата веднаш се воочува дека големите градежни компании бележат драстични падови на приходите од продажба. Најголемиот од нив - „Гранит“ за првиот квартал има пад на приходите од 15 отсто односно 125 милиони денари во однос на истиот период лани. Кај „Бетон“ приходите се пократки за 83 милиони денари односно за 15 отсто, а кај најмалиот од нив – штипски „Бетон“ приходите се намалиле за 25 отсто односно за 38 милиони денари. И четвртиот претствник на градежништвото е во минус. Скопски „Карпош“ бележи пад на приходите од 12 отсто. Овие параметри укажуваат дека во првиот квартал кај градежниците има негативна тенденција која веројатно наскоро ќе се одрази на сите сектори кои зависат од оваа голема „парна машина“ на секоја економија.
Веднаш тука е поврзаната дејност на единствената македонска цементарница Усје. Приходите на цементарницата се пресечени како со нож. Минусот е 25 отсто во однос на лани или 280 милиони денари. И Адинг со послаби резултати од лани за 19 отсто. Сите овие податоци укажуваат на тоа дека во и околу градежништвото во првиот квартал е полошо од лани.
| Градежништво,
Материјали за градежништво |
Приход од продажба 1-3.2014 (милиони денари) |
Приход од продажба 1-3.2015 (милиони денари) |
Разлика % |
| Гранит |
837,4 |
712,6 |
-15% |
| Бетон Ск. |
547,2 |
464,2 |
-15% |
| Бетон Штип |
153,7 |
115,6 |
-25% |
| Карпош |
83,6 |
73,4 |
-12% |
| Усје |
818,4 |
538,3 |
24% |
| Адинг |
58,7 |
47,6 |
-19% |
Нафтениот бизнис со значаен пад на приходите
Во оваа група се Окта и Макпетрол, компаниите со најголеми приходи од сите други во оваа конкуренција. И двете компании бележат падови на приходите. Кај Окта приходите се пониски за 570 милиони денари односно за 13 отсто од лани, сепак падот е поголем од очекуваното и проектираното. Макпетрол ја губи својата пазарна позиција во континуитет, но во одредена мерка намалените приходи се должат и на неповолните ценовни движења. Но реалност е дека паѓа и малопродажната побарувачка за деривати од оваа компанија. Шверц или конкурекција? Менаџментот на Макпетрол ниту еднаш не кажа доволно јасно која од двете опции го урива нивниот приход. Кај овој гигант приходите во однос на лани се пониски 370 милиони денари односно за 8 отсто. Поврзаниот бизнис – шпедицијата исто така бележи пад особено ако се гледа резутатот на Фершпед кој има пад на приходи од 17 отсто. Во овој круг само специјализираниот транспортет ОИЛКО е добитен и има раст на приходите за 22 отсто во однос на лани.
| Трговија со нафтени деривати, шпедиција, транспорт |
Приход од продажба
1-3 2014 г. (милиони денари) |
Приход од продажба 1-3 2015 г.
(милиони денари) |
Разлика % |
| ОКТА |
4.402 |
3.832 |
-13% |
| Макпетрол |
4.680 |
4.310 |
- 8% |
| Фершпед |
930,2 |
775,7 |
-17% |
| ОИЛКО |
76,2 |
94,4 |
22% |
Трговските фирми со значајни падови на приходите
Реплек во однос на првиот квартал лани изгубил 39 отсто од приходите односно 129 милиони денари. Скопски пазар, големиот малопродажен синџир и единствен таков чии акции котираат на берза, бележи пад на приходите за еден милион евра за три месеци односно за 17 отсто во однос на лани.
| Трговија,
Услуги, угостителство |
Приход од продажба 1-3 2014 г.
(во мил.денари) |
Приход од продажба 1-3 2015 г.
(во мил.денари) |
Разлика % |
| Реплек |
330,8 |
201,7 |
-39% |
| Скопски Пазар |
320,7 |
256,3 |
-17% |
| Мак.телеком |
2.650 |
2.473 |
-7% |
| Македонијатурист |
61,1 |
68,1 |
12% |
| ГТЦ Скопје |
59 |
56,4 |
-4% |
| Осигурување Македонија |
185,5 |
167,8 |
-10% |
| Триглав |
256,7 |
257,3 |
|
Во индустријата за кого како...
Металуршките компании ги заменија местата, Митал Стил ЦРМ извезува солидно и има силен раст, додека Макстил е послаб од лани во првиот квартал. Во индустријата светла точка е Факом кој годинава значајно е подобар од лани. Производството на мермер е на ланското ниво, а преработувачката индустрија солидно расте макар во случајот на велешката кожарница Димко Митрев. Исто и производството на картони во Дуропак. Фармацевтскиот гигант Алкалоид очекувано, согласно со проекциите, расте и го шири пазарот и генерира повисоки приход од продажба. Производството на топлина од Топлификација бележи раст на приходите, а текстилците се пола – пола...Мода од Свети Николе, со својата нагласена извозна компонента изгуби голем дел од странските нарачки. Тетекс пак пробива на странските пазари.
| Индустрија: Металургија,
Машинство,
Фармација
Производство,
Преработка, Текстил |
Приходи од продажба
1-3.2014 г.
(во мил.денари) |
Приходи од продажба
1-3.2014 г.
(во мил.денари) |
Разлика % |
| Арчелор Митал ЦРМ |
1.046 |
1.436 |
37% |
| Макстил |
906 |
815 |
-10% |
| Раде Кончар А.Т. |
59,6 |
48,6 |
-18% |
| Факом |
133,3 |
375,3 |
22% |
| Алкалоид |
1.881 |
2.085,3 |
11% |
| Топлификација |
48,2 |
61,8 |
28% |
| ФЗЦ 11 Октомври |
113,7 |
32,7 |
-71% |
| Мермерен комб. |
205,4 |
208,9 |
2% |
| Димко Митрев |
42,3 |
53,1 |
25% |
| Фустеларко Борец |
46,7 |
57,9 |
24% |
| Дуропак |
127,9 |
134,9 |
5% |
| Мода |
77,2 |
61 |
-21% |
| Тетекс |
50,9 |
58,1 |
14% |
Во земјоделството шарено, кондиторија, храна и пијалоци држат ниво
Од трите земјоделски компании чии акции се на берза единствено ЗК Пелагонија има сериозен раст на приходите од 68 отсто и е светла точка. Жито Полог големиот производител на брашно, јајца и сточна храна има пад на приходите од 43 отсто во однос на лани. Жито Лукс се држи на исто ниво како и лани, а Агро Куманово е во колапс има пад на приходите од 89 отсто. Лошо тргнала годинава и на оранжериите Хамзали каде продажбата е преполовена во однос на лани. Прилепскиот тутунски комбинат е препороден со раст на приходи од 81 отсто односно 65 милиони денари. Наспроти него „и се стемнило“ на Струмица табак која бележи пад од 90 отсто на приходите од продажба. Кондиторите од Европа бележат солиден раст, а прехранбената индустрија на Витаминка во континуитет ги подобрува перформансите.
| Земјоделство,
прехрана, пијалоци |
Приход од продажба
1-3.2014 (мил.денари) |
Приход од продажба
1-3.2015
(мил.денари) |
Разлика % |
|
|
|
|
| ЗК Пелагонија |
116,1 |
194 |
68% |
| Жито Полог |
139,8 |
79,1 |
-43% |
| Жито Лукс |
274 |
274,1 |
|
| Тут. ком.Прилеп |
78,9 |
143 |
81% |
| Оранжерии Хамз. |
82 |
40,4 |
-51% |
| Благој Ѓорев |
127,3 |
124 |
-3% |
| Фруктал Мак |
66,1 |
70,6 |
7% |
| Сковин |
108,8 |
42,8 |
-61% |
| Грозд |
65,1 |
67,1 |
3% |
| Европа Ск. |
147,4 |
156,5 |
6% |
| АгроКуманово |
56,1 |
6,1 |
-89% |
| Струмица Табак |
243,5 |
24,8 |
-90% |
| Витаминка |
366,2 |
381,2 |
4% |
| Прил.Пиварница |
226,8 |
229,5 |
1% |
| ВВ Тиквеш |
213,1 |
231 |
8% |
| Пелистерка |
88,6 |
91 |
3% |
Р.Ф.